ЈП „Пазариште“ ќе отвори авто-пазар на локацијата на добиточниот пазар во Долно Коњаре

ЈП „Пазариште“ ќе отвори авто-пазар на локацијата на добиточниот пазар во Долно Коњаре. Пазарот ќе работи во сабота, а капацитетот ќе изнесува од 200 до 300 возила.

„Бидејќи добиточниот пазар не функционира, просторот е адаптиран, асфалтиран и исцртан за потребите на новиот пазар. Како најголема општина во регионот, имаме потреба од ваква услуга. Располагаме со човечки капацитети и без големи вложувања ќе можеме да им ја пружиме оваа услуга на граѓаните. Со тоа ќе се подобри и финансиската состојба на претпријатието“, изјави в.д. директорот Суад Зејнулахи.

Тој додаде дека постои интерес и од сопственици на приватни плацеви, кои за време на викендите би ги продавале автомобилите на новиот авто-пазар, како и од граѓаните кои сакаат да посетуваат вакви пазари.

Цените на услугите ќе зависат од големината и видот на возилата: за електричен тротинет 100 денари, за мотоцикли 150 денари, за електрични автомобили 150 денари, за автомобили, приколки и трактори 300 денари, за комбиња 350 денари, а за камиони 400 денари. Доколку се остави возилото на паркингот за дневно паркирање ќе се наплатува 150 денари.

Related Posts

Нов цветен пазар во Куманово

Реонскиот пазар наскоро ќе биде адаптиран во цветен, автопазарот ќе работи во сабота кај пазарот за стари работи во село Долно Којнаре, а тезгите на централниот зелен…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН И НАДЗОРЕН ОДБОР

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ НА ИНТЕРЕС ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА УПРАВЕН И НАДЗОРЕН ОДБОР ЈП Пазаришта Јавен повик 0326 (1) Образец за пријаување на…

Ценовник на услуги на ЈП Пазаришта Куманово

Ценовник на услуги на ЈП Пазаришта Куманово на линкот ➡️ D0A6D0B5D0BDD0BED0B2D0BDD0B8D0BA.pdf

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *